Ѝ се заканува доживотен затвор: Убавицата на Ел Чапо се изјасни за виновна за трговија со дрога

0
78

Сопругата на мексиканскиoт наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман, 31-годишната Ема Корнел Аиспуро, се изјасни за виновна по голем број обвиненија, вклучително и за трговија со дрога.

Пред судот во Вашингтон, таа призна дека му помогнала на Гузман да го води наркокартелот Синалоа и да избега од затвор во 2015 година.

Може да добие доживотна казна затвор и парична казна до десет милиони долари.

Шеесет и тригодишниот Гузман во моментов издржува доживотна казна затвор во Колорадо за трговија со дрога и перење пари.

Картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.