Кинеската „буба“ пристигнува во Европа? Патентирале ретро дизајн во автомобилскиот гигант „Volkswagen“

0

Германската компанија сè уште не се огласила по овој повод.

Кинеската компанија „Great Wall Motors“ на почетокот на годинава во Шангај го претстави електричниот автомобил со необично име – „ORA Punk Cat“.

Уште поинтересно е тоа што ретро возилото потсетува на култната „буба“ на „Volkswagen“, а тоа не поминало незабележано во круговите на автомобилската индустрија.

Иако плановите за сериското производство не се соопштени, „Carscoops“ открива дека компанијата регистрирала две верзии од дизајнот, но не во Кина туку во Европа.

Препознатлива силуета
Патентот е предаден на канцелариите во ЕУ – „EU IPO“, пренесува горенаведениот сајт.

Објавените скици ја прикажуваат препознатливата силуета која посетителите на саемот во Шангај веќе имаа можност да ја видат.

Компанијата „Volkswagen“ не се огласи по повод регистрирање на дизајнот, па останува да видиме што ќе се случува во иднина.

Погледнете го видеото: