Причината ќе налути многумина: Само на една плажа во Херцег Нови лежалките чинат 10, место 3 евра

2

Пред неколку дена на една од градските плажи во Херцег Нови репортерка на „Блиц“ била изненадена кога налетала на плажа на која лежалките чинат 10 евра. Сите плажи покрај шеталиштето се идентични, а и цените не се разликуваат многу – секаде се од 3 до 4 евра, раскажува таа, па затоа и ѝ било чудно што баш оваа, што не се разликува од останатите е толку поскапа.

Само една секунда по прашањето за цената на лежалката, добив објаснување зошто е тоа така, вели таа.

 

„Дали имате деца? Ако имате – тука не им е дозволено“, ми рече еден од вработените.

 

„Немам“, збунето одговорив, а тој додаде: „Овде нема ни да ги видите, никој нема да ви скока над глава и да галами“.

Искрено, вели таа, 10 евра ми изгледаа прилично многу за плажа што не нуди ништо особено различно од другите, особено ако се земе предвид дека на соседната плажа лежалките беа двојно поевтини.

Но, кога веќе бев таму, се сетив на страшната гужва и вревата од претходните години, па решив да си го дозволам тој „луксуз“. И не погрешив! Звучи сурово и знам дека сите „мамички“ ќе ме распнат, но поминав еден ден во рајот. Никој не се дереше, трчаше околу мојата лежалка, мочаше, плачеше, кемкаше, скокаше лудо во вода, ме прскаше до бесвест, ме вознемируваше, скокаше околу мене и безброј други вознемирувачки активности што го нарушуваат мирот и релаксацијата! Има многу ставови и ги почитувам сите, но верувам дека секогаш е добро да се има избор, вклучувајќи ја и плажата каде на децата им е забранет пристап!, вели репортерката.