Топ летни дестинации во Бугарија

2

Долгиот бугарски брег на Црноро Море изобилува со привлечни песочни плажи и градови кои се неодоливи за многумина туристите.

Тие се причина зошто Бугарија има што да понуди за летен туризам.

Варна

Ова е пристаништен град. „Трипедвајзор“ го препорачува како дестинација со широки авении, како „наследство од бугарското комунистичко минато“, но и згради со архитектонски стилови увезени од Западна Европа. Како едно од водечките бугарски одморалишта, Варна е нарекувана и „престолнина на Црното Море“, поради културното и економското значење – има најсовремено пристаниште, железничка станица и меѓународен аеродром што ја поврзуваат земјата со над 35 држави и 100 градови низ целиот свет.

Градот има и плажа со црн песок долга повеќе од 3 километри, исполнета со барови и тераси. Сепак, најпознатата плажа е Златни песоци долга 4 километри, која ја претпочитаат и туристите и околното население, иако е оддалечена на 15 километри од центарот на Варна.

Созопол

Еден од најстарите градови на црноморскиот брег. Хелените го основале во 7. век пр.н.е. Благодарение на импресивната архитектура и археологија, разновидната културна програма, одличните хотелски понуди и модерната туристичка инфраструктура, градот прима стотици илјади туристи секоја година.

Препознатлив е и по Фестивалот за уметност и филм „Аполонија“ – настан што се одржува секоја година на почетокот на септември.

Плажата Харманит во Созопол е една од најубавите и најпосетуваните. Потсетува на грчките плажи, а ја сакаат семејства со деца, бидејќи водата е мирна и не е многу длабока.

Stari grad Sozopol (Foto: Instagram)

Балчик

Овој мал крајбрежен град северно од Варна, многу луѓе го доживуваат како идилично место за уживање. Околното население „стравува“ дека наскоро ова место може да се претвори во центар за масовна летна забава.

Кралицата Марија, сопруга на романскиот крал Фердинанд Први, го посетила Балчик во 1921 година и одлучила тука да ѝ се изгради летна резиденција – со наредба да се купат и лозјата, градините и мелниците на тамошните жители и да може да се изгради палатата. Во изградбата биле користени балкански и отомански мотиви, а била дизајнирана од италијански архитекти.

Екстравагантното минаре од главната зграда коегзистира со христијанската капела, и совршено го илустрираат интересот на кралицата за теологијата и уникатниот верски соживот тогаш тука.

Дворец на румънската принцеса в Балчик | Bulgaria travel, Balchik, Bulgaria