„Фала богу уште постојат луѓе“: Гестот на овој Грк ја воодушеви јавноста

5

Гестот на еден грчки угостител од туристичкото место Неа Макри за брзо време се прошири на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека ова им ја враќа надежта во човештвото. Откако за време на пандемијата забележал дека сè повеќе негови сограѓани бараат храна во контејнерите, одлучил да помогне.

На луѓето што бараат храна во кантите за ѓубре: вие сте луѓе и заслужувате многу повеќе. Ве молам, влезете во ресторанот во текот на работното време и послужете се со порција суфлаки и вода. Нема да поставуваме никакви прашања, порача тој.

Србинката која ја направи фотографијата кратко порача: „Фала богу уште постојат луѓе“