Lamborghini Diablo SV се продава на аукција, цената достигна 220.000 долари

10

Љубителите на автомобили, подготвени да потрошат повеќе од 220.000 долари, сега имаат можност да купат одличен автомобил. Се работи за Lamborghini Diablo SV, произведен во 1998 година, првично регистриран во Тексас.

Со оглед на фактот дека е произведен во 1998 година, ова е последниот модел со pop-up светла наместо фиксни, какви што има освежениот модел.

Каросеријата е во црвена боја. Во 2020 година е извршен детален сервис на моторот и менувачот, заменети се каишите, свеќичките и слично. Внатрешноста е пресоблечена со кожа и е добро одржувана.

Автомобилот го движи 5,7-литарски V12 мотор кој развива 530 коњски сили. Има минато вкупно 54.700 километри.