„Volkswagen“ го претстави „Atlas Cross Sport GT“ со над 300 „коња“

2

„Volkswagen“ претстави екстремна верзија на својот SUV модел за американскиот пазар.

„VW Atlas Cross Sport“ дебитираше во 2019 година како поспортска верзија на овој SUV, резервиран за купувачите во Америка. Две години подоцна беше претставен концептот на GT верзијата со моќен 4-цилиндричен бензински мотор.

Станува збор за 2.0-литарски TSI со 304 коњски сили (224 kW). За потсетување, досега најмоќниот „Atlas Cross Sport“ имаше 3,6-литарски VR6 мотор со 280 коњски сили (206 kW).

Моторот е поврзан со 7-степен менувач „DSG“ со двојно квачило, а силата се испраќа до сите четири тркала преку системот „4Motion“.

Од „Volkswagen“ не изнесоа повеќе детали, а се очекува дека германскиот производител ќе го понуди овој автомобил на купувачите во САД.