Фановите со нетрпение го очекуваат враќањето на Роналдо во Манчестер: Една карта чини 2500 фунти!

7

Фановите со нетрпение го очекуваат враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Јунајтед.

36-годишникот се враќа на местото каде постигна големи успеси, по заминувањето од Спортинг. Сер Алекс Фергусон не пропушти да го доведе во редовите на својот тим, а по авантурите во Реал Мадрид и Јувентус, португалскиот фудбалер се враќа на познат терен. Негов прв натпревар ќе биде домашниот дуел против Њукасл Јунајтед на 11 септември.

Очекувано интересот за присуство на стадионот на „црвените ѓаволи“ е огромен. Цените на влезниците значително се покачија по потврдата на трансферот. Легалните страници за продажба достигнаа суми до 700 фунти, а се шпекулира дека на „црниот пазар“ некои влезници се продадени дури за 2.500 фунти.

Првата етапа на Роналдо во дресот на Јунатед траеше од 2003 до 2009 година.