Колку заработува Манчестер Јунајтед од продаден дрес на Роналдо?

39

Од моментот кога беше објавено дека Кристијано Роналдо ќе го позајми број 7 во Манчестер Јунајтед, над илјада онлајн продавници добија нарачки од целиот свет, што предизвика соборување на рекордот во Премиер лигата.

За дресот на Роналдо беа потрошени околу 32,5 милиони фунти за само 12 часа.

Се проценува дека во тој период биле продадени помеѓу 300.000 и 400.000 дресови, кои чинеле помеѓу 80 и 110 фунти.

Но, ако мислите дека целата заработка оди за клубот од Манчестер, се лажете. Прво, 10 проценти од продажбата на дресови оди за Премиер лигата, а откако Јунајтед потпиша десетгодишен договор со Адидас (вреден 750 милиони фунти) во 2014 година, експертите веруваат дека клубот од Олд Трафорд „зема“ околу 5 фунти по продаден дрес од оваа продажба. Останатото оди за Адидас.

Сепак, тие нема да бидат разочарани во Манчестер. Според пресметките, клубот отплати една четвртина од сумата за која го донесе португалскиот играч (вкупно 13 милиони фунти) во тие 12 часа, а се очекува целата сума да ја обезбеди во текот на викендот, кога ќе дебитиа Роналдо во натпреварот против Њукасл.