Нухиу: Моралната оставка не значи вина – функционерите на ДУИ ќе одговараат ако има сомнежи за пожарот

91

Ако постои дури и зрно сомнеж за кривична одговорност, функционерите на ДУИ кои поднесоа оставки поради трагичниот пожар во ковид-болницата во Тетово, ќе

одговараат за сите дејствија, изјави вечерва заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој учествува во дебата посветена на случајот во Тетово на телевизијата Алсат.

-Моралната оставка не значи вина, рече Нухиу, и додаде дека ДУИ како партија докажала дека нејзините членови сносат одговорност пред органите.

-Ние секогаш се залагаме да се зајакнат институционалните капацитети и да се преземат мерки според процесите, додаде тој.