Потсетување: Португалскиот предлог кој е добар за Заев вели дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година

299

Откако се појави нон пејпер документ според кој треба да се реши спорот со Бугарија кој ја крена јавноста на нозе со став се јавија и владата и кабинетот на шефот на државата.

Од владата излегоа со став дека во игра е само португалскиот предлог , додека од кај Пендаровски велат дека нема нов предлог и оти за прашања поврзани со идентитетот нема преговори.

Да се потсетиме што содржеше предлогот на Португалија:

Документ: Што содржи португалскиот предлог во делот за македонскиот јазик

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог.

Според документот, поделен во четири анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Конкретно,Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција.