Се за прегледи и популарност: Jутуберот Ристе влегол во училиште, снимал и навредувал ученици

131

Драма се случила утрово во средното електро-машинско учулиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Битослкиот јутјубер Ритко скришно влегол во училиштето, ги снимал учениците и со вулгарни зборови ги нападнал ученичките.

Скандалозното однесување на Ритко било пријавено во полиција, но додека да дојдат тој низ прозор од училница побегнал. Полицијата со неговите придружнци го фатила на друга локација, кога малтретирале друг човек и му го прегледувале гепекот од автомобилот објави „МMC.mk“.

ММС од очевидци дознава дека Ритко со уште неколкумина за да влезе го искористил големиот одмор, кога вратата се отворени, бидејќи учениците мора да излезат за да се дезинфицира. Пред крај на одморот тој и уште неколкумина со него, заедно со учениците скришно влегол во школото. Влетал во првата училница и почнал да ги снима децата.

-Кога влегол кај учениците им рекол „јас сум градоначалник на школото“ и потоа со вулгарни зборови се обратил кон ученичките.

Од школото веднаш повикаа полиција. Не можеше да избега преку вратата бидејќи по завршување на големиот одмор вратата вендаш автоматски се заклучува, па тој заедно со неговата дружина скокнал преку прозор од една од училниците, а потоа преку дворот ја прескокнале оградата висока две метри и со шипки, велат изворите на ММС.