Синот на Марина Туцаковиќ со загрижувачка порака: Мајка ми се задушува

17

Една од најпознатите авторки на бројни регионални хитови, Марина Туцаковиќ, се бори со ракот, а нејзиниот син Милан Лаца Радуловиќ на Твитер побара помош.

-Помош! Мајка ми има сериозно задушување. Службата на терен може да дојде само во два часот, што може да биде доцна. Таа не сака да оди кај ковид болните. Дали има некој број од експерти што би можеле да ја слушаат што е можно поскоро? Ние сме во Белград , напишал тој.

По некое време, тој повторно се јавил и ги известил придружниците дека техничарот е пронајден.

-Ви благодарам до небо на сите, порача тој.