Таравари: Oставката на Филипче е готова работа

20

Гостиварскиот градоначалник и поранешен министер за здравство, д-р Арбен Таравари, во гостувањето во дневникот на телевизијата Сител дека проблемите кои деновиве се актуелизираат поради трагедијата во тетовската болница, се присутни во здравствените установи низ целата земја.

Според него, оставките на Филипче и другите функционери околу овој случај се „готова работа“ и оти треба само да се стават на седница и да се изгласаат.

Ние сме дефокусирани во моментов. Не зборуваме за пожарот, туку за моралниот чин на оставките. Тоа е готова работа. Треба да се стават на седница и да се стават нови луѓе во министерството и здравствената установа во Тетово, изјави Таравари.

Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови“, рече Таравари.