Заев: Нема да биде отстранет ниту еден споменик

192

Премиерот Зоран Заев повтори дека со бришењето на бугарски од бугарски фашистички окупатор од спомениците се отвора пат за решавање на спорот, но тоа не значи бришење на историјат

Историјата никој не може да ја негира ниту заборави, но од сите нас зависи дали ќе и подадеме рака на соверемена Европа или ќе живееме во блокада уште 27 години“, вели Заев кој негира дека ќе се отстрануваат споменици и ќе се менува историјата.

Бугарија ни направи блокада и со тоа го прекрши членот 2 од Договорот за пријателство. И сега можеме ние да живееме 27 години со блокада, како што беше со Грција, зошто не, тоа зависи како ќе одлучиме сите ние. Или како што ни кажува нашиот народ по истражувањата, со мудри политики, водејќи грижа за целокупното достоинство на македонскиот народ, почитувајќи ја историјата, нашата земја да продолжи да се движи кон европското семејство“, рече Заев.