Михајловски порачува: Победуваме секаде, се чувствува победничката енергија помеѓу народот

79

Разговори за поддршка иднина во Љубодраг и Ново село. Одиме секаде и имаме образ да зборуваме со секого. Граѓаните заслужуваат услови за живот својствени за 21-от век и затоа #Гарантираме дека ќе обезбедиме водовод за овие луѓе.

Победуваме секаде, се чувствува победничката енергија помеѓу народот, објави на Фејсбук, кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Населбата Железничка станица ќе добие урбани услови за живеење. Победата на концептот на промени што го нуди ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата веќе е извесен.
Куманово заслужува подобра иднина, вели Михајловски.

Одличен прием во Агино Село. Очекуваме победнички резултат, затоа што ветуваме реални проекти во интерес на граѓаните. Овие наши сограѓани ќе добијат:
✅Димензионирање на ефикасна атмосферска, канализациска и водоводна мрежа;
✅Асфалтирање и поставување на бекатон плочки на улици;
✅Изградба на детски катчиња;
✅Изградба на мини спортски игралишта;
✅Изградба на локален пат Агино село – Романовце.
Заокружи број 7️⃣, пишува Михајловски