Села околу идејата за претседател Албанец: Ахмети е забеган и се залажува секој ден

1408

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во вечерашното гостување на телевизијата Алсат го нарече „забеган“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со идејата која беше изложена вчера, за Албанец како претседател на државата, кој би се избирал во Собранието.

Села во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, запрашан како гледа на ова барање на ДУИ, одговори:

„Ве молам, не давајте минутажа во оваа многу важна емисија за граѓаните, за да ги коментирам следните грешки и лаги на човек кој прави грешки од ден на ден. Тоа ќе го кажам.“

Ахмети пред два дена на предизборен митинг во Чаир ја изнесе идејата следниот претседател на државата да биде Албанец, а рече и дека ќе се заложи во Владата да се измени Уставот и Претседателот на се избира во Собранието.