Активист на ЛЕВИЦА: Мислев да не гласам, ама после оваа изјава на Заев внимателно ќе ја заокружам Данела Арсовска!

9959

Активист на Левица преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека во вториот круг на изборите ќе гласа против СДСМ односно својот глас ќе го даде за Данела Арсовска.

По одржувањето на првиот круг избори во нашата метропола, Скопје најмногу гласови добија Данела Арсовска – независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Петре Шилегов од СДСМ. По резултатите од првиот круг, Арсовска е во предност од 8000 гласови, но во вториот круг не влегуваат кандидатите од помалите партии, а еден од нив е и Перо Камиказа од Левица.

Токму гласачите од Левица според многумина се оние кои ќе бидат одлучувачки во вториот круг. Откако утрово Перо Камаказа индиректно повика на масовна поддршка на Данела Арсовска и глас ПРОТИВ Петре Шилегов, со свој став се јавија и активистите на оваа партија.

На социјалните мрежи со свој коментар се јави и нивни активист кој денешната изјава на Заев ја нарекува „Школски пример за антикампања!“ и откако тој не планирал да гласа, вели дека на 31-ви ќе излезе и ќе гласа против СДСМ, односно ќе го даде својот глас за Данела Арсовска.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

„Школски пример за антикампања!
Бидејќи партиските избори завршија со првиот круг на гласање (за листи) и јас бев на мисла дали да излезам да гласам за втор круг. Си велам, нека си вадат очите овие две зла, секако нема фајде за државата и од едните и од другите.
Но ако излезам, сигурно не би гласал за кандидатот на сдс, по шо вакво зло Македонија не памети.
Збирштината дпмне е “мала беба” во однос со рекет-јаничариве од сдс.
И еве искрено, бев на одлука да не излегувам, но после оваа изјава на ЗЗ во 7.15 на 31ви ќе сум на гласање и ќе го заокружам противкандидатот на сдс и тоа внимателно за ливчето да е важечко.
Ќе го гласам кандидатот на збирштината само да се куртулам од злото ЗЗ, по што ќе се повлечел ако изгуби.
Така вели, па макар и да лаже како и по обичај.
Овој пат ќе му верувам иако знам дека лаже.
Епа ЗЗ со мене се гледаме во 7.15 на гласачко место, а за другите не знам.
Битно ми е јас да си олесна на душава.
Ти благодарам за мотивацијата со твојава “искрена” изјава
👇👇👇“