(Видео) Активиcт на СДCM и екс директорот на затвopoт во Прилеп: Сите црни пapи за партијата oдеа преку него, тој иди*т ја yништи партијата

9855

Џемо…Ова име се провлекуваше на секое обраќање на екипата на Инфомакс од Прилеп, во секој коментар за поткуп, агитирање дури е и поврзано со нападот на нашата екипа во штабот на СДСМ.

На видео објавено минатата година се слуша како членови на СДСМ им делеле на Ромите брашно, шеќер, масло и сол, пипер и макарони ги тераат да гласаат за СДСМ и Зоран Заев.

Во видеото се слуша и како извесните Александар Спиркоски- Џемо и Бајрам Рифатоски- Бајрамче земале пари од партијата и тоа во висина и до над 10 илјади евра.

Токму овој Џемо кој се слуша во видеото го нарача апсењето на екипата на Инфомакс во Тризла, бидејќи добивме информација дека во моментот е во штабот агитира и дели поткуп.

Таткото на истиот тој Џемо вечерта ја нападна екипата на Инфомакс во штабот на СДСМ во центарот на Прилеп.

Е токму во Џемо ја гледаат причината за поразот членовите на СДСМ, поточно Слободанчо Ристевски екс директорот на затвopoт во Прилеп истакнат член на партијата во градот.

Тој вели дека во разговор со градоначалник во заминување Илија Јовановски му посочил дека Џемо ќе ја уништи партијата, а тој му одговорил дека преку него идат сите црни пари за партијата и тој ги врши сите валкани работи за СДСМ и не може да биде тргнат на страна.

-Ова е последната моја партиска објава, а сакате верувајте, сакајте не верувајте имам премногу да ви пишува и Ви тврдам ниту една буква не е лажна или измислена.

Ја нареков: Идиоти

Ова е до вистинските мои пријатели (се разбира доколку ги имам).

Се поставува прашање: Зошто катастрофално СДСМ Прилеп изгуби во Прилеп?

Краток одговор со вистинска анегдота:

Пред неколку години го прашувам Муцево (градоначалникот во заминување од СДСМ):

Зошто не го тргата идиотов? Ќе ја растури партијата се служи со местенки, многу е расипан, одвратен, подмукол, дволичен, троличен и понатаму секој лош збор е комплимент за него, нема тронка храброст се крие зад луѓе кои за лични интереси му лижат од раце и си мисли дека партијата е нивна фамилијарна компанија.

Одговорот беше зачудувачки искрен: Не можам идиотов да ги тргнам и ако е скапано ѓубре, оти сите валкани работи и црни пари во партијата одат преку него!!!

За да можи идиотв непречено да си работи и гази во партија си го произведе Миле (вашиот херој – пратеник од СДСМ)!

Е затоа изгуби СДСМ во Прилеп со катастофална разлика.

Со идиоти не се води партија, пишува Јовановски.

Токму сестрата на Џемо е вработена во МВР во Прилеп, каде е инспектор за наркотици, десна рака на уапсениот Кире Спиркоски попознат под прекарот Чипсио кој беше уапсен со дрога во вредност од 800 илјади евра на превојот Плетвар.