Мицкоски за можното повлекување на Заев: Заев рекол – Заев порекол, неговата борба е само за моќ и функции

39

Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, во врска со изјавата на Заев за негово повлекување.

Мицкоски истакна исто така дека овој изблик на национализам и штитење на национални права од страна на ДУИ и „ол –ин“ политиката со плашење на граѓаните, е само со единствена цел власта да се задржи за да можат да продолжат заедно ортачки да го пљачкаат народот и државата, а граѓаните треба тоа да го знаат.

Мицкоски посочи дека наспроти ова граѓаните од било кој етникум без разлика на било каква определба секогаш имаат партнер во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што целта на партијата е да ги штити интересите на народот.