Меси потврди: Ќе се вратам во Барселона

65

Меси потврди дека никој од клубот не барал од него да игра бесплатно, се сложил да игра за 50% помала плата, сакал да остане во Барселона.

Лионел Меси во изјава за „Спорт“ од Шпанија потврди дека Барселона е негова прва и единствена спортска љубов, еден ден сака да се врати и тоа како член на управата.

„Секогаш сум тврдел, сакам да се вратам во клубот, да му помогнам, на кој било начин, како член на управата, да му помогнам да напредува, тоа не е некоја тајна“ – изјавил Меси.

Меси потврди дека никој од клубот не барал од него да игра бесплатно, се сложил да игра за 50% помала плата, сакал да остане во Барселона.

„Претседателот Лапорта кажа некои работи кои ме повредија, како да сакаше да заминам, не побара од мене да играм бесплатно“ – изјави Меси.