Италијанско село продава 250 куќи по цена од 1 евро за куќа

69

Селото Пратола Пелиња, оддалечено 150 километри од Риме, е уште едно во низата италијански села кои нудат куќи на продажба по симболична цена со цел да привлече нови жители.

Во ова село, властите продаваат околу 250 домови по цена од само едно евро со надеж дека ќе привлечат нови жители кои ќе ги реновираат и живеат во нив. Селото се наоѓа во регионот Абруцо во близина на Апенините, што значи дека некои од најдобрите италијански скијачки центри се многу блиску.

„Работиме на овој проект неколку години, избиравме соодветни домови кои не беа дел од реконструкцијата по земјотресот. Нашата цел е повторно да заблескаме и да ја вратиме убавината на стариот центар, дури и ако е потребно време”, рече локалниот советник Изјави Паоло Ди Бако за СНН.

Оние што ќе одлучат да дојдат во селото ќе имаат полни раце работа бидејќи домовите се во прилично лоша состојба, но тие се пространи, имаат поткровје, тераси и балкони, па затоа имаат голем потенцијал.

Меѓутоа, ако плановите за реновирање не бидат доставени во рок од шест месеци, следува казна од 10.000 евра.