Заев прета во жива кал: Со она што се случи денеска сам си ја запечати политичката кариера, а го закопа и СДСМ

7024

И додека целата јавност- и политичари и граѓани, се засегнати од прашањето каде е пратеникот Кастриот Реџепи, премиерот Зоран Заев и неговата партија СДСМ досега немаат никаков став околу тоа.

По циркусната претстава која денеска се случува во македонското Собрание, јавноста смета дека Заев прета во жива кал и сам си ја запечати политичката кариера, а го закопа и СДСМ.

Седницата за гласање доверба на Владата во моментов е прекината, а пратениците ќе чекаат до полноќ да го видат исходот со Реџепи, кој е недостапен за сите. Токму поради тоа се шпекулира и дека е можно пратеникот на БЕСА да е држен против своја волја, само за да не се појави во Собранието и како што претходно најави да го

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека од власта мислат оти е ова политички триумф, а според него, ова е голем срам за демократијата и голем срам за вредностите кои што се наведени во тој статус.

-Дали е жив здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонски и албански порака на социјалните мрежи друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат, во тие заедници кои што тој ги наведе во својот фејсбук статус, како што се САД и Европската Унија. Претседателот на државата кој што е најодговорен заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот бидејќи пратеник во македонското Собрание нема. Ние не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност или доброволно се држи или избега, не знам зошто е ако е доброволно не беше денеска тука појавен, ќе си се гласаше ако беше против да падне оваа Влада ќе си гласаше против и Иницијативата ќе завршеше 60-60, и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам. Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу би рекол ете изјави од различни извори, дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во жива кал, ако мислат дека е ова политички триумф, не напротив, мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите кои што се наведени во тој статус. Се шпекулираше за вакво нешто уште во текот на вчерашниот ден дека ќе се случи, ако мислите дека не се сме го очекувале, тогаш се лажете, го очекувавме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додава:

„Јас бев денеска на Универзитетот имав часови, па потоа дојдов за да се координирам со пратеничката група. Така што ако се потврди уште еднашка трговијата тогаш со пратеници, тогаш се поставува прашањето дали воопшто вреди човек да се занимава со политика во ова наша Македонија додека оваа власт предводена од Зоран Заев постои. Ова е срам и ако се потврди тоа дека е држан надвор од своја волја и дека некаде се наоѓа сега каде што никој жив не знае каде се наоѓа тогаш навистина тоа предизвикува силно чувство на гадење. И им се извинувам во мое име и името на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните што морат да бидат сведоци на една ваква би рекол циркуска претстава која што денеска се одвива тука во Собранието и жалам, простете ми што морам се уште да бидам дел од еден ваков срам кои што ние како политичари на вас на граѓаните на Македонија ви го приредивме. Извинете уште еднаш од мое име“.

Претседателот на Беса, Биљал Касами изјави денеска дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се за да остане на овие позиции.

-Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами.

Тој денеска, како што кажа, го нема контактирано Реџепи и нема информација каде се наоѓа.

-Вчера беше мојата последна информација и според целиот амбиент тој беше во рамки на позициите кои ги имавме како политичка партија, рече Касами.

Првиот човек на Движењето Беса истакна дека се додека Кастриот Реџепи не излезе и не каже дека тој став е негов и оти тоа е доброволно и нема некоја присилба, тој како човек и како претседател на Беса има право да се сомнева дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание и да излезе пред јавноста и да каже дека тоа е негов доброволен став.

Ако се потврди дека тоа е негов став, според Касами дополнително ќе се превземат мерки во партијата согласно статутот.

-Во моментов за нас е многу важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација за потоа да разговараме за другите опции, одговори на Касами на прашањето дали се преговара со други пратеници за обезбедување мнозинство за гласање доверба на Владата.

За тоа дали е пријавено исчезнувањето на пратеникот во полицијата, лидерот на Беса рече дека е во контакт со институциите и оти чека нивен одговор.

Касами претходно денеска во изјава за медиумите истакна дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи.

Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, кој беше потпишан на иницијативата за гласање доверба на Владата денеска не дојде на седницата и на својот Фејсбук профил напиша дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието.

-Евроатлантскиот интегративен процес на државата е една моите и од основните цели на Движењето Беса. Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ, одлучив да не учествувам во оваа собраниска седница каде треба да се стави под прашалник оваа важна цел на државата и нацијата, наведе Реџепи во објавата.

И претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села попладнево пред Собранието изјави дека собраниската седница за доверба на Владата се уште не е завршена и оти до полноќ може да продолжи во секој момент, кога ќе се обезбедат услови.

Најважно во моментот, како што рече тој, е да се дознае каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Села рече дека не може да каже дали Реџепи е безбеден или не, но загрижен е поради фактот дека има само една негова објава на Фејсбук.

– Не знаеме каде е еден пратеник, каде се наоѓа. Тоа го кажувам од човечки аспект. Сите без разлика дали се политичари или не, треба да бидат навистина загрижени со фактот дека имаме само еден фејсбук статус. Одговор треба да дадат институциите. Не можам да кажам дали е безбеден или не е, но самиот факт дека немаме негово физичко присуство, мислам дека сите кои се хумани, треба да се прашаат каде е. Тоа е најважно. Сите оние кои аплаудираат на ваквиот развој на настаните, мислам дека кај нив нема ништо хумано. Моето очекување е дека пратениците треба да одлучат според своја волја, да не бидат уценети, ако има уцени, не можам со сигурност да го кажам ова, истакна Села.

Инаку, пратениците од опозицијата велат дека не е прашање дали, туку кога ќе падне Владата, односно како што посочуваат режимот на Заев.

Политичките аналитичари сметаат дека кризата може да се реши и надмине само со одржување на предвремени парламентарни избори. Неизвесноста велат мора да заврши на избори кои ќе резултираат со стабилна влада и парламентарно мнозинство за земјата да продолжи напред.