Директорот на судска медицина контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45-то тело

429

Директорот на институтот за судска медицина доктор Александар Станков во телефонска изјава за „Слободен печат“ вели дека завршени се 44 обдукции на целосни тела, но и делови од 45 тело. Станков децидно тврди дека видел делови од 45-то тело.

Неговото тврдење е спротивно на тврдењето на бугарското обвинителство дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, а дека 8 лица се спасиле од несреќата.

-Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.

Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.