Метеоролозите најавуваат пороен дожд, утре очекувајте снежна покривка

347

Во следните денови под влијание на циклонска активност во Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, соопшти УХМР.

Во западните делови утре локално ќе наврнат над 20л/м2, а на планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка.

Од утре до понеделник ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец, над 60 км/час.

Од вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурите.