Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

4

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.Т.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Франц Розман“ бил каснат од куче скитник.

Исто така вчера во 11.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ѓ.(30) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

Во полицискиот билтен има уште еден случај со каснување на лице од куче китник- вчера во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.В.(64) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.