Америка ја предупреди Кина дека ќе има последи доколку и помага на Русија

180

Американските власти го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции, изјави денеска советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан.

– Внимателно следиме во која мера Кина и пружа материјална и економска поддршка на Русија. Му пренесовме на Пекинг дека нема да толерираме или да дозволиме која било земја да и надомести Русија за нејзините економски загуби од западните санкции, истакна Саливан, додавајќи оти тоа би имало последици за Кина.

Во исто време, тој одби да одговори на прашањето дали САД се подготвени да воведат ограничувања за Пекинг доколку се обиде да и помогне на Русија да ги надомести економските и финансиските загуби од санкциите воведени од САД и нивните сојузници. (МИА)