Во четвртокот нешто по 23 часот се слушна силен тресок во делот на Загреб. Полицијата и пожарникарите вчера беа во областа Јарун. Голема дупка останала во земјата, како доказ за тоа што се случило. Како што беше соопштено вчера, се урна летало од советско производство, кој пристигнало во Загреб од унгарскиот воздушен простор.
Истрагата траеше цел ден, а ќе продолжи и денеска кога се очекува собирање на клучните материјали.
Истрагата што ја спроведува полицијата заедно со воената полиција ќе продолжи во потесната зона на местото на настанот, каде ќе се обидат да го отстранат делот од леталото што останал закопан во земја, пренесува Индекс.хр.