ВИДЕО: Промовиран спотот на песната која ќе ја претставува Македонија на Евровизија

29

Младата пејачка Андреа Коевска која оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“ во Торино, Италија денес го промовираше видео спотот за песната „Circles“ на официјалниот јутјуб-канал на „Eurovision Song Contest“.

Андреа ќе настапи на 66-тиот Избор за песна на Евровизија, по победата на Изборот за песна на Евровизија на Македонската Радио Тeлевизија, каде 50% од гласовите беа од меѓународното жири, а 50% од гласот на публиката.

Музиката за песната е дело на Александар Масевски, а текстот на Андреа и Александар. Спотот е во продукција на МТВ, режисер е Горан Цветковиќ кој исто така се потпишува и на видео монтажа, а истиот е направен на повеќе локации во Скопје како Македонска пошта, железничката станица и студенскиот дом „Гоце Делчев“.