Нова анализа покажа дека секојдневното земање мала доза на омега-3 суплементи може да го подобри здравјето на срцето.
Во статистичка анализа на голем број постоечки истражувања, објавена во Clinical Nutrition, научниците анализирале 19 истражувања за тоа како омега-3 влијае на 97.709 доброволци.
Научниците забележале дека постои значително помал ризик од срцева смрт кога луѓето земале по две капсули омега-3 дневно. Но, ефектите од користење поголеми дози уште не се анализирани.
„Омега-3 масните киселини одамна се истакнуваат како корисни против кардиоваскуларните болести. Добро е што сега знаеме која е препорачаната дневна доза. Ќе продолжиме со истражувањето на позитивните ефекти од овие суплементи“, вели нутриционистот Џинџер Хултин.
Доктор Џули Аптон наведува дека препорака е да се земаат омега-3 суплементи кои содржат најмалку 500 милиграми EPA (еикосапентаенска киселина) и DHA (докосахексаенска киселина).