Фудбалерот од средниот ред на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид Лука Модриќ би можел да го напушти овој тим оваа лето.
Актуелниот договор на играчот со овој клуб истекува оваа лето , а страните не можат да се договорат, пренесува реномираниот шпански весник„Marca“
.Самиот 36-годишен Хрват би сакал да остане во Мадрид, но преговорите се движат многу бавно.
Модриќ е свесен дека секоја сезона раководството ќе му понуди нов договор на една година. Ова е политиката на клубот во однос на возрасните играчи.