Од денеска билети за мундијалскиот бараж на македонските ракометари против Романија

28

Навивачите на македонската ракометна репрезентација од денеска можат да купат билет за мундијалскиот бараж против Романија што ќе се одигра в четврток во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19 часот.

– Продажбата на влезници за натпреварот започнува денеска напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата по цена од 100 денари, соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Навивачите е потребно да поседуваат ‚ сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.

Реванш натпреварот ќе се игра во Романија на 20 март, а поуспешната репрезентација од двата дуели во финалниот бараж за место на Светското првенство во 2023 година ќе игра против Чешка.