Драмата меѓу членовите на кралското семејство никогаш не може да се премолчи. Помина речиси една година од интервјуто на Меган Марк и принцот Хари со Опра Винфри, каде упатија обвинувања против кралското семејство.
Изгледа дека јавноста во Британија нема да биде задоволна додека не види дека Меган и Хари се разделиле, а сега актуелна приказна е за измамата на Меган Маркл, односно тајната која се уште ја крие од Хари.
Таа на почетокот на врската, по првиот состанок, на Хари му рекла дека не ни знае кој е тој. Меѓутоа, во јавноста сега почнаа да излегуваат различни информации. Пријателката и соработничка на Меган Маркл, Нинака Приди, сега откри дека Меган била опседната со кралското семејство пред да го запознае Хари, сакала да биде новата принцеза Дијана.
– Таа сака да биде новата принцеза Дијана. Кралското семејство ја фасцинирало. Таа ја имаше една од книгите на принцезата Дијана на полица, дури и кога беше во брак со Тревор, ми рече дека сака да оди во Лондон на еден месец… Не сум шокирана, дури ни изненадена што слушнав за неа и за принцот Хари. Таа го сакаше филмот „Дневници на принцезата“, за обична девојка која станува дел од кралското семејство. Таа идеја многу и се допадна – изјавила Нинаки Приди, пренесува „Глоси“.
Пред да се омажи за принцот Хари, војвотката имаше блог, кој подоцна беше избришан, а многумина се сеќаваат на нејзината објава во која чуваше списание со насловна страна на Кејт Мидлтон непосредно пред нејзината венчавка со принцот Вилијам.
– Возрасните жени ја одржуваат оваа детска фантазија. Погледнете ја само помпата околу кралската венчавка и постојаниот разговор за принцезата Кејт – напишала тогаш, а во 2014 година се појавила фотографија на која ја држи насловната страница на Кејт Мидлтон.