РК Бутел прв до пласман на Ф4 во Купот на Македонија

7

Скопски Бутел е првиот тим што обезбеди учество на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија, откако овој тим со две рутински победи славеше во својата група.

Откако во полуфиналето беше подобар од Скопје, екипата на Бутел вечерва рутински се справи и со Струга, триумфирајќи со конечни 29-23 за место меѓу најдобрите четири состави во ова натпреварување.

Мајиќ беше најдобар стрелец и при овој триумф на Бутел, постигнувајќи осум погодоци, додека шест пати прецизен беше Митев. Во таборот на Струга најефикасни беа Барјактаревиќ со осум и Маркоски со пет гола.