Се подготвува преработка на „Осмиот патник“

38

Феде Алварез, режисерот на хорор-хитот „Не диши“ (Don’t Breathe) e во подготовка на следниот проект – преработка на класиката на Ридли Скот – „Осмиот патник“ (Alien).

Филмот е во продукција на стрим-платформата „Хулу“, а Алварез работи и на сценариото и на режијата. Според западните медиуми, режисерот ја има оваа замисла со години, па се чини, сега созреала.

Филмот е во претпродукција и нема податок кога ќе биде достапен за гледачите.

Алварез во мигов е актуелен со последното продолжение на „Тексашки масакр со моторна пила“ – хорор-класиката од 1970-тите.