ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(35) од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
При контрола извршена на 24.01.2022, полициските службеници констатирале дека таа не ги почитува мерките и препораките за заштита од Ковид-19, односно не се придржувала до решението за задолжителна самоизолација, издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.