Обичаите ширум светот се разликуваат, па така додека вам ви е природно да оставите бакшиш во ресторан, на Јапонците никогаш нема да им текне да го направат тоа.
Порталот „Brightside“ одвоил некои од обичаите кои важат во Шпанија, а кои можеби ќе ви бидат чудни на прво читање.
1. Шпанците излегуваат надвор со мокра коса
Колку пати родителите ве предупредиле да не излегувате надвор со мокра коса? Во Шпанија од тоа одамна се откажале поради тоа што имаат обичај да ја мијат косата наутро, а не навечер.
Тие ја мијат косата во последниот момент пред да излезат од своите домови, а поради тоа немаат време да ја исушат со фен.
Поради тоа доколку шетате во Шпанија немојте да се изненадите доколку на улиците сретнете луѓе со мокра коса – од 7 до 77 години.
2. Повторување на придавките безброј пати
На пример кога ќе видите некоја убава девојка, ќе кажете „баш е убава оваа девојка“.
Од друга страна, Шпанците „убава“ ќе го нагласат неколку пати.
3. Излегување во кафуле и ноќни клубови со децата
Во Шпанија е во ред да посетите бар со цело семејство, вклучувајќи ги и децата. Така до доцна навечер може да забележите како родителите се забавуваат, додека пак нивните деца спијат на столовите од масите.
Тоа се смета за нормално, никој нема да повика социјални работници, а можеби и поради тоа Шпанците добро поднесуваат бучава со оглед на тоа што ја слушаат од раното детство.
4. Лупење сите видови овошје
Шпанците не ги лупат само портокалите, лимонот, ананасот, тие пред јадење го лупат секој вид овошје. Но, и за тоа постои објаснување.
Луѓето во руралните места немале секогаш пристап до чиста вода, па така за да се заштитат од штетните бактерии редовно го лупеле секое овошје. Иако денес живееме во 2022 година, некои навики едноставно остануваат.
5. Поделба на сметката на еднакви делови
Заборавете го германскиот модел на плаќање каде секој си го плаќа своето, народот во Шпанија тоа го прави поразлично.
Имено, секој кој седи на масата плаќа еднакво. Доколку сте петмина, а сметката изнесува 100 евра, од секој човек се очекува да плати по 20 евра.
6. Страв од вторник
Старите Шпанци велат дека во вторник луѓето не треба да се венчаат, патуваат или пак да се селат. Објаснувањето е и повеќе од едноставно – вторник е ден на богот на војната, па тогаш подобро е да не правите ниишто.
7. Во ред е и минимум приватен простор
Доколку сте странец, можеби ќе ви изгледа дека Шпанците баш и немаат свој личен простор. Имено, кога разговараат едни со други, често се блиску еден до друг, а притоа неизбежно е и тапкање по рамото.
Од друга страна, позитивната стран на тоа е тоа што со тоа ја покажуваат својата опуштеност поради што веднаш ќе ви биде полесно да комуницирате со нив.