Иако сè уште не сме влегле во месец март, многумина од нас веќе сонуваат за летување и размислуваат за идеалната дестинација за овогодишниот летен одмор.
Според мислењето на корисниците на „Trip Advisor“, најубавата плажа на светот се наоѓа на островите Туркс и Каикос – Грејс Беј (Grace Bay), која минатата година го зазеде 4-то место.
Во листата од топ 10 плажи најмногу има карипски плажи, а единствената земја со повеќе од една плажа е Бразил.
Ова се 10-те најубави плажи за 2022 година:
„Grace Bay“, Туркс и Каикос
„Varadero“, Куба
„Turquoise Bay“, Австралија
„Quarta Praia“, Бразил
„Eagle Beach“, Аруба
„Radhanagar“, Индија
„Baia do Sancho“, Бразил
„Trunk Bay Beach“, Девствени острови
„ Baía dos Golfinhos“, Бразил
„ Spiaggia dei Conigli“, Италија