Volkswagen го претстави електричното комбе ID.Buzz

24

Volkswagen од третиот квартал годинава ќе го понуди електрично комбе во патничка и карго верзија.

Концептуалното издание на електричното комбе на VW јавноста првпат го виде во 2017 година, а по долго чекање, од Волфсбург го претставија сериското издание кое се крие зад името ID. Buzz, или ID. Buzz Cargo (карго верзија).

Врз основа на MEB платформата, ID. Buzz и со помало меѓуоскино растојание располага со пет седишта во патничката верзија. Volkswagen наскоро ќе понуди опција со шест седишта во два реда, а со пристигнувањето на верзијата со подолго меѓуоскино растојание што ќе биде достапна од следната година, ID. Buzz ќе може да смести седум лица во кабината.

Со ID Buzz Cargo верзијата има две или три седишта. Волуменот на товарниот простор кој може да собере две евро-палети е 3.900 литри, а максимално дозволеното оптоварување е 650 килограми.

Купувачите во Европа првично ќе можат да сметаат на еден електричен мотор кој развива 204 КС и 310 Nm вртежен момент, а возилото се напојува од батерии со капацитет од 82 kWh.

Од следната година ID. Buzz ќе се нуди и во комбинации кои вклучуваат поголема моќност и поголем капацитет на батеријата, а VW сè уште не откри колку километри обезбедува моменталната конфигурација која веќе се користи во електричниот модел ID.4.