Познати термините во кои ќе се играат натпреварите од Светското фудбалско првенство во Катар

10

Првите две кола на Мундијалот ќе донесат натпревари од 11:00, 14:00, 17:00 и 20:00 часот по средноевропско време.

Во третото коло од групната фаза и нокаут фазата натпревари ќе има од 16:00 и 20:00 часот.

Закажан е и терминот за финалето кое ќе се игра во попладневен термин од 16:00 часот, вакво нешто е невообичаено со оглед на тоа што досега „нормален“ термин за финале на СП бил вечерен.