(Видео) Хаос во Барселона: Фудбалер и неговата сопруга претепани од навивачи

22

Откако Ајнтрахт ја шокираше Барселона на гостински терен и ја елиминираше од Европската лига, дојде до пресметка пред „Камп Ноу“ за која и денеска се зборува.

Фановите на Барселона ги нападнаа германските навивачи кои изненадувачки дојдоа во голем број. Меѓу нив се најде и некогашен чешки репрезентативец кој го носеше дресот на тимот од Франкфурт.

Мартин Фенин на овој дуел дојде со својата сопруга, а навивачите на каталонскиот гигант, но ги поштедија, ги урна на подот и го клоцаа, на голема среќа не мина со тешки поведи, пренесе СпортМедиа.

Набрзо по овој инцидент некогашниот фудбалер објави видео-снимка од нападот. Фенин на натпреварот дојде како поддржувач на германскиот клуб за кого настапуваше во периодот од 2008 до 2011 година, за Чешка одигра 16 натпревари.