Ливерпул го совлада Виљареал во првиот меч од полуфиналето во ЛШ

15

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 2:0 над Виљареал во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Црвените“ пред своите гледачи дури во второто полувреме успеаја да го пробијат бункерот на гостите и со головите на Садио Мане и на автоголот на Еступињан.

Бункерот на Виљареал издржа во првото полувреме, но попушти на стартот од вториот дел кога во рок од две минути беа постигнати два гола.

Прво, во 53. минута голот беше запишан како автогол на Еступињан по шутот на Џордан Хендерсон.

Само две минути подоцна, по акцијата на дуото Салах – Мане, одличниот сенегалски напаѓач по постигна својот 14 гол во Лигата на шампионите со што се израмни со Дидие Дрогба како најефикасни африкански фудбалери во елитното натпреварување. Реваншот е закажан за шест дена во Виљареал.