Мертенс пред нов договор со Наполи за многу пониска плата

11

Белгискиот напаѓач во редовите на Наполи, Дрис Мертенс, одржа едночасовен состанок со клупскиот претседател Аурелио Де Лаурентис по кој сè поизвесно е дека двете страни ќе ја продолжат соработката, јавија денеска италијанските медиуми.

Мертенс е најдобар стрелец на Наполи, а медиумите наведуваат дека белгискиот фудбалер би можел да потпише нов договор за значително пониска плата.

Мертенс сега заработува 4.5 милиони евра по сезона, а во договорот постои опција за негово продолжување, која Наполи нема да ја активира.

Според весникот Кориере дело Спорт, место таа опција, Мертенс би требало да потпише нов договор со Наполи вреден 1.2 милиони евра по сезона, плус бонуси.