КЕЈТ МИДЛТОН ГИ ЗАСЕНИ ХОЛИВУДСКИТЕ УБАВИЦИ ВО КАН: Покажа како се доаѓа на црвениот тепих, а еден детаљ го одбележа и изгледот на Вилијам! (ФОТО)

43

Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Top Gun: Maverick“, а покрај актерската легенда Том Круз, на тепихот се појавија и Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Војвотката за оваа пригода избра елегантен црн фустан со потпис на Роланд Мареј, а белиот појас на нејзините откриени раменици ја направи оваа креација многу ефикасна.

Целиот стајлинг Кејт го заокружи со висечки обетки, дијамантски прстен, црна чанта, а како и секогаш војвотката не претерала со шминката. Очите само ги нагласила со црна сенка.

Сепак, она што малкумина го забележале е деталот на мокасините на Вилијам.

Имено, Вилијам и неговата сопруга се познати како луѓе кои многу внимаваат на деталите, па принцот за оваа прилика на мокасините имаше извезено мало бело-сино авионче, кое потсетува на оној користен во оригиналниот акционен филм од 1986 година.