Бугарски политичар изнесе план како да не направат Бугари за десет години

474

Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси претстави план за „менување на менталитетот на соседниот народ“, за Македонците да станат Бугари. Според Паси, ова може да се заврши за десетин години.

Кога Бугарија ќе изгради универзитет во Скопје, универзитети во Битола и уште три други града, да отвориме неколку гимназии и неколку основни училишта. Тоа чини пари. Ете ви буџет. Ако треба една милијарда, ако толку ни е важна таа Македонија, да извадиме една милијарда и да платиме за тие училиште. Да одиме со бугарски учебници во овие училишта и да престанеме да им бараме на Македонци да си ги сменат своите учебници затоа што не ни се допаѓаат. Ќе кажеме дека доаѓаме ние, со бугарски учебници, тие деца ќе учат според нашите учебници. Следствено, тие деца што ќе учат по наши учебници, сосем природно ќе посакаат да станат државјани на Бугарија и сосем природно ќе се идентификуваат со бугарската свест и култура. Ова е нешто што може дасе постигне за не повеќе од 10 години. Менталитетот на соседниот народ со доволен буџет може да се смени, вели Паси.