Фукна куп пари за прослава на Нова година, за тревник на Плоштад, ја продаде Треска и уште се замислува дека е нешто

215

Прочитај за: < 1 минута

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци реагира на критиките кои поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов ги упати кон актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Според Шилегов, Арсовска е градоначалник од „али експрес“, затоа што не му била достојна на него и неговите големи проекти.

Јоци не се согласува со ова – Овој па овој, уште е во филм дека нешто направил за Скопје и ќе дроби пензионерски глупости по фејсбуци. Ај, #Данела #Арсовска била од ,,али експрес”, а он пошто се замишља ,,БМВ”, а не ,,фиќо”, зема купи клупи, парче 500 евра (кои сега се распаѓаат низ градов) и скала од 1,5 мил.евра. Да не споменувам како фукна 230.000 евра на нови години без прослава, 500.000 јура на тревник и пар плочки, а без никакви скрупули го доуништи езеро Треска и го испрати на распродажба. Проблемот со Арсовска е што и по 6 месеци не обелодени криминал! Си ќути… #Шилегов го пеплоса Скопје, особено касата, Арсовска го следи во чекор! Ронка љубов бар да имаа за градов! Ронкичка! Не, бе, брате… Порка мизерија!, вели Јоци.