Бугарскиот предлог омотан со француски целофан го ништи македонскиот идентитет, јазик и култура

2

Прочитај за: < 1 минута

Неприфаќање! Отфрлање на било каков предлог кој и најмалку, и во најситен дел задира во македонскиот идентитет, јазик и култура. Историчарот, професор д-р Тодор Чепреганов за лидер.мк вели дека со ваквиот француски предлог Македонија полека, полека ќе се бугаризира.

“Демократска Европа“ ги погазува сите принципи на демократија, само заради интересите на една држава. Бугарија преку ЕУ го добива тоа што четири години се бореше-денационализиран, асимилиран македонски народ кој што ќе остане без сопствена историја, а за жал има такви политичари кои сето тоа го прифаќаат, додава Чепреганов.

Смета дека Владата ќе го прифати предлогот, бидејќи како што вели тие немаат друг излез, затоа што не го слушаат народот. Ова е една политократија која е самобендисана и полтронска, под контрола на Европа и за да ги задоволи европските интереси го прифаќаат сето тоа што ќе им биде понудено, без да размислуваат за последиците во наредните години кој што ќе ги има целокупниот македонски народ!

Лидер: Со прифаќање на “новиот“ француски предлог, ќе има ли некој што се борел за македонската кауза, или ќе испадне дека Бугарија ја создала македонската држава?

-Мислам дека овој француски предлог е во основа бугарски предлог со француски целофан омоткан, во суштина го ништи сетоа она што до сега го постигнала Македонија на поле на идентитет, јазик и култура.
Со тоа што во текот на тие пристапни преговори ќе се разговара, 10, 15, 20 години може никогаш да не дозволат Македонија да влезе како суверена држава во Европската Унија. Туку полека, полека, ако трае тоа 20 години некоја нова генерација, со сите овие работи кои ги предвидуваат да ги направат со Договорот, Македонија ќе се бугаризира!
Полека полека, една генерација, друга генерација, и на крајот ќе го постигнат тоа што не успеаја да го постигнат за 4 години ќе успеат да го постигнат со “ демократска Европа“!