Мицкоски со ВИДЕО на Фејсбук порача: Ултиматум НЕ благодарам

2

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави видео во кое испраќа порака до власта да го одбие францускиот предлог.

Имено Мицкоски и Ковачевски вчера имаа средба од која Мицкоски излезе и предложи три работи.

-Дадов свое гледиште на текстот и би извлекол дека ниту за мене лично, ниту за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се прифатливи. Немаме намера истите документи да ги прифатиме. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

-Мислам на безбедносните, енергетски, финансиски, предизвици со храна. На пролет кога ќе ја поминеме, според мене и многумина најтешката зима, да направиме реевалуација на состојбата. Ова не е преговарачка рамка со која ние обезбедување европска иднина. Ова е преговарачка рамка со која или асимилираме и бугаризираме, па така да бидеме дел од ЕУ, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна и дека побарал да бидат извршани членовите 11 и 14.

-Членот 11 од записникот детерминира дека нема да бидат започнати преговори се додека не го промени Уставот, а членот 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија, во кој се наоѓаат историските прашања, образованите и културни прашања, промената на учебниците. Еве, да ги избришат тие два члена, а потоа во преговарачката рамка да ги избришат деловите каде се наоѓаат годишните прегледи, делот каде се дефинирани Копенхагеншките критериуми. И да го избришат делот каде се повикуваат на протоколот од втората меѓувладина конференција, потенцираше Мицкоски.

Во одговор на новинарските прашања, Мицкоски рече дека за неговите предлози не добил одговор од Ковачевски.