Аѕурите ги открија дресовите за ЕУРО – повторно со најубава гарнитура?

55

Италијанската репрезентација официјално ги претстави дресовите со кои „Аѕурите“ ќе играат на претстојното ЕУРО 20924 во Германија.

Комплетите на Adidas ќе ги имаат препознатливите за брендот три ленти преку рамениците, кои ќе бидат обоени во зелена, бела и црвена боја како знак на италијанското знаме и грбот на националниот тим.

Основата на дресот се одликува со два тона сина боја; посветла нијанса на предната страна и подлабока сина на страничниот панел. Предниот дел од комплетот има и некои детали во бела боја.

Италија е партнер со Adidas од 2023 година, соработка која дојде по 19-годишното партнерство со другиот германски производител – Puma.

Заедно со домашниот син дрес Италијанците исто така објавија и бел гостински дрес, а двата веќе се достапни за купување од официјалната онлајн-продавница на ФИГЦ.

Италија има закажано 4 пријателски натпревари пред почетокот на ЕУРО 2024. Лучано Спалети и неговите избраници ќе имаат тестови против Венецуела и Еквадор сега во март, пред да се соочат со Турција и Босна и Херцеговина на почетокот на јуни.

„Аѕурите“ својот поход за одбрана на титулата на ЕУРО 2024 ќе го започнат со натпреварот против Албанија на 15 јуни, а во групната фаза ќе се соочат и со Шпанија и Хрватска.