Двојна премиера од Volkswagen: Две спортски ѕверки со над 300 КС

58

Volkswagen изненади со премиерата на два спортски модела.

Volkswagen одлучи да ја зајакне својата понуда во електричниот сегмент, буквално.

Доаѓаат две нови GTX верзии, имено за моделите ID.3 и ID.7 турер, а се очекува повторување на успехот постигнат со GTX верзиите на ID.4 и ID.5 – секоја петта продадена единица е GTX .

Како вистински GTI
Спортските изведби ќе бидат веднаш препознатливи по различниот светлосен потпис, спортските детали, како и соодветната декорација во кабината.

Да почнеме по ред. ID.3 GTX доаѓа во две верзии. Многумина во Volkswagen ја гледаат верзијата за перформанси како она што е Clubsport во доменот на гамата на Golf GTI. Она што донекаде изненадува е дека е задржан концептот со еден електромотор (AP550), кој ги придвижува само задните тркала.

Максимална брзина од 200 км/час
Стандардниот GTX има 286 КС и достигнува 100 км/час за 6 секунди. Споменатиот Performance има 326 КС и забрзува до 100 км/час за 5,6 секунди, што е подобро од Tesla Model 3 со еден мотор. Да ја споменеме и максималната брзина подигната на 180 км/час, односно 200 км/час кај верзијата Performance. ID.3 во верзијата GTX има батерија од 79 kWh, а досегот е околу 600 км. Се полни со моќност до 175 kW.

Верзијата GTX има и спортско подесена шасија, а Performance стандардно добива DCC адаптивна суспензија. Накратко, ID.3 GTX е првиот електричен hot-hatch на Volkswagen.

ID.7 tourer има поголема батерија (86 kWh), моќта на полнење е до 200 kW, а синергетскиот ефект на двата електромотори сега е 250 kW или 340 КС. Напред, Volkswagen има инсталирано асинхрон мотор AKA150 со моќност од 80 kW/109 КС и 134 Nm, додека назад повторно е синхрон електричен мотор AP550 со постојани магнети и максимални вредности од 286 КС и 545 Nm.

Досег од 625 км
Погонот е секако на сите тркала, а забрзувањето е брутално до 180 км/час. Не е најбрзиот, но секако е најсилниот караван модел на Volkswagen во историјата.

Тука е префинетиот и препознатливиот изглед, а треба да сметате на побогата опрема. VW ја проценува потрошувачката од 16,7 до 18,7 kWh/100 km или досег од 625 км. Почетокот на продажбата е најавен за пролет, а се очекува да започне од 65.000 евра.